Доколку имате непосакувана налепница на паркетот, мебелот, уред од бела техника или друга рамна површина и сакате целосно да ја отстраните, без притоа да остане лепилото на површината, еве неколку совети како тоа да го направите.

Треба да се знае дека колку подолго налепницата е залепена, толку потешко се отстранува од подлогата.

Најпрво, треба да се обидете да ја одлепите налепницата со нежно одлепување за да излезе целосно. Доколку оди тешко, земете фен за сушење коса и на најголема јачина држете го до 30 секунди на неколку сантиметри од налепницата. Топлината го омекнува лепилото и ќе го олесни одлепувањето. Потоа фатете го врвот на налепницата и проверете дали таа се одлепува. Доколку оди тешко, повторете ја постапката со фенот.

Кога ќе ја одлепите налепницата, со прстите или со гума за бришење отстранете го нејзиниот остаток колку што е можно повеќе.

На остаток од хартија и лепило нанесете масло за готвење со марамче и оставете да стои неколку минути. Потоа со прсти или пластичен нож извадете ги остатоците од хартија и лепило.

Извор: Се За Домот

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.