За помалку од 5 минути, од едноличните бели шолји за кафе или чај (може и чинии), можете да направите шармантни и уникатни дела, кои нема да останат неприметени.

И што е уште подобро, за овој едноставен “направи сам“ проект, потребни се мали вложувања. А ако во домот веќе имате “кандидати“ за цртање и само еден лак за нокти, тогаш парите не се потребни.

Потребен материјал:

Лакови за нокти во бои по желба

Еднобојни шолји или чинии

Длабок сад

Чепкалка

Мал пешкир

Начин на изработка:

1. Во подлабок сад сипете топла вода. Сипете доволно вода, за да може да потопите шолја.

2. На површината на водата разлејте неколку капки од лакот за нокти. Можете да користите една боја, лакови во разни нијанси на една боја или да комбинирате повеќе лакови ако сакате шарена шолја.

3. Со чепкалката нежно измешајте ја водата, за да се разлее лакот и да се измешаат боите. Така ќе направите шара, која ќе се преслика на шолјата.

4. Фатете ја шолјата за врв или за рачката и натопете ја во водата. Лакот од површината на водата моментално ќе се пренесе на шолјата.

5. Извадете ја шолјата на пешкир и почекајте да се исцеди.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.