Употребете стапчиња цимет за да направите оригинална декорација во домот, а воедно внесете мириси кои ќе го навестат духот на празниците во вашиот дом.

Мирисен венес од портокал и цимет

Стапчиња цимет и парчиња сушен портокал се совршена комбинација на мириси, која ги најавува празничните денови. Употребете ги да направите декоративен венец на тој начин што ќе поврзете дванаесет стапчиња да креирате еден орнамент, а потоа на венецотредете ги парчињата портокал и орнаментите.

Орнаменти од стапчиња цимет

Орнаментите од стапчињата кои ги користевте за венецот, можете да ги употребите и како поединечни украси, кои можете да ги закачите на елката или на влезната врата. За секој украс с епотребни 12 стапчиња, три дрвени топчиња, конец и долга игла.

Ѕвезди од цимет

Симпатичните ѕвездички можете да ги направите лесно од 5 стапчиња цимет, гранче од зимзелено дрво (бор), ѕвездички и неколку црвени топчиња. Гранчињата и циметот поврзете ги со конец или залепете ги со силиконски лепак. На крајот украсете со ѕвездичките и топчињата.

Симпатични украси за елка

Три стапчиња цимет, парче конец и кожна трака се доволни да ги направите овие шармантни украси за новогодишната елка. Дополнително можете да ги украсите со шарен конец, кој ќе го залепите или врзете околу едниот агол.

Ароматични колачиња

Иако не се за јадење, овие ароматични колачиња ќе ве натераат да посакате да ги пробате. Направете смеса од цимет, јаболко, каранфилче, морско оревче, кардамон и лепак. Со помош на модли обликувајте ги колачињата по желба, а со помош на пластично севче направете дупчиња за закачување. Испечете ги, украсете и закачите.

Миризлива декорација за маса

Соберете шишарки и измијте ги во вода сао малку детергент. Кога ќе ги исчистите, испрскајте ги со мешавина на вода и есенцијални масла. Изложете ги во декоративна корпа заедно со стапчињата цимет.

Светкави украси за пакетчиња или елка

На сличен начин, користејќи ја истата смеса како кај ароматичните колачиња, можете да направите миризливи украси, кои ќе ги закачите на подароците, вечето или елката. Откако ќе ја испечете смесата, едната страна од украсот премачкајте ја со лепак и посипете ја со светки во повеќе бои.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.