Најдоброте “Напарави сам“ проекти по правило се оние кои се базираат на оригинални идеи, а бараат само малку труд и минум средства. Токму еден таков проект ви претставуваме денес. Многу леснo можете да направите шармантни вазни во весели бои, кои ќе внесат свежина во секоја просторија од вашиот дом.

А за да биде воодушевувањето поголемо, за негова реализација скоро секое домаќинство веќе има тоа што е потребно. За оние кои сличајно немаат сѐ, најголем трошок ќе биде лепакот.

Потребен материјал:

Јаже, конец или волница во бои по ваш избор
Стаклени шишиња или вазни
Ножици
Лепак

Начин на изработка:

Започнете од врвот на шишето, на тој начин што ќе ставите малку лепак на истото, а потоа намотувајте неколку редови јаже. Редете едно по друго кафеав и јаже во боја. Можете да користите било кое (се мисли на бооја и дебелина) и колку сакате бои.

Наш совете е сите краеви од јажињата да бидат на истата страна на шишето, за да крајниот резултат изгледо што поубаво.

Ако се одлучите за јажиња во флуоросцентни бои, ви предлагаме да одберете цвеќе во неутрални бои. Нежно розови и бели каранфили ќе бидат совршен избор.

Многу бргу по изработката ќе уживате во резултатите на својот труд, а единствено ви останува своите нови вазни да ги распоредите во својот ентериер и да ги освежите со овие детали.

 

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.