Во секој дом може да се најде барем една книга со пожолтени листови, која со години собира прашина. Доколку сте сигурни дека никогаш повеќе нема да ја читате, ви предлагаме интересен начин да направите украс, кој ќе ви го разубавува домот во текот на празниците.

Декоративниот ангел не е тежок за правење, затоа што доколку знаете да свиткате хартија, сигурно ќе успеете. Забавувајте се, рециклирајте на креативен начин и воедно украсете го домот.

Ви го претставуваме и деталното видео упатство, како да го направите тоа.

Потребен материјал:

Стара книга (ако има повеќе страни, ангелот ќе биде пораскошен)
Новогодишен украс во форма на топка или обична метлна, дрвена топка за глава
Гел со светки за украсување
Силиконски лепак

Начин на изработка:

Декоративниот ангел можете да го направите исцело со крилја, како што е прикажано во видеото, а можете крилјата да ги направите одделно, така што истата хартија ќе ја направите во форма на армоника и ќе прицврстите на телото на ангелот во форма на конус.

Украсната топка залепете ја на телото со силиконски лепак, а како завршен детал украсете го ангелот со светликав гел.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.