Во случај една од вашите новогодишни желби да е реновирање на бањата, имаме неколку идеи за вас.

Како што е случај во светот на модата и декорацијата, дизајнот на одредени простории со себе носи и ги поврзува трендовите, со тек на годините, сезоните или годишните времиња. Понекогаш имаме желба да го реновираме својот стан или неговиот одреден дел, затоа што ние потребна некаква промена во животот, нов почеток или едноставно не сме задоволни од неговиот изгледот, како што некогаш бевме.

Со самото тоа, пред нас се отвораат врати со илјада можности, оставајќи ни премногу избори меѓу кои треба да се одлучува, што истовремено ја олеснува и ја отежнува задачата што самите си ја зададовме.

Во случај да немате вистинска идеа за реновирање на бањата, а имате визија за тоа што очекувате од оваа просторија, ќе ви помогнеме во изборот на декоративните трендови за 2019 година. Бањите следната година ќе бидат совршено модерни и смирени, што значи дека многу работи кои до сега ги негувавме и вградувавме,  станаа демоде. Секако не значи дека сте обврзани да го реновирате целиот свој стан кога се менуваат трендовите, туку едноставно ве насочувме кон правецот во кој треба да се движите.

Самостојни кади

Самостојни кади без ногарки се совршена изјава на модерен стил, а ако сакате да ја смените кадата, ве советуваме одлуката да ја донесете со останатите членови од семејството, заедно. Овие кади се создадени од различни материјали, како што се дрво или камен, и се понудени во повеќе бои, така што лесно може да се најде модел кој одговара на вашиот стил. Својата када можете лесно да ја акцентирате со метални детали или мали мобилни полици.

Бетон

Овој материјал е исклучително популарен во декорацијата на целиот дом, посебно за бањите.Издржлив е, лесно може да се нанесува и не бара многу кога станува збор за вашиот буџет. Може да се одлучите за бања, која всушност е создадена од бетон или само за бетонски ѕидови, под, санитарии, кади или туш кабини. Исто така, постојат различни можни нијанси на бетон, така што во тој случај во понудата имате повеќе опции за да пронајдете што ви одговара. Мораме уште да потенцирме дека бетонот е вистински модерен израз во еден простор, особено кога е акцентиран со металик или шарени елементи.

Плочки

Едноставните бело-сиви плочки се враќаат во мода, па затоа многу пати имаме можност да ги видиме во кујните и бањите на домовите со модерен и современ стил. Во понудата се различни видови плочки, кога станува збор за нивниот изглед и димензии, а повеќе не се ограничени само на бела боја. Можете да ја покриете целата своја бањаа, само ѕидовите, само ѕидот околу кадата, можете да ги комбинирате со други плочки и да создадете сосема неочекуван, модерен изглед.

Огледало како стилска изјава

Гломазни и предимензионирани огледала се одлична работа за создавање акцентирани детали во бањата, бидејќи во секој простор тие идеално се вклопуваат, визуелно зголемувајќи го просторот и рефлектирајќи светлина. Ретро огледалата ќе внесат префинети вибрации во еден простор, кои се идеални за гламурозни простори, како контраст со модерни детали. Можете да ги вклучите без проблеми и во минималистички простори, исто така.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.