Како може град на духови да биде најубав? Откако ќе ги видите фотографиите и видеото, гарантираме дека барем на една секунда ќе посакате да бидете таму. Се разбира, дење, со многу луѓе и со водич.

Погледнете како Џо Нафис го сними ова мистериозно и напушштено место со дрон.

 

Houtouwan, попознат како изгубеното село, е мало рибарско место во Кина. Во минатиот век Houtouwan беше дом на повеќе од 2.000 рибари и нивните семејства. Меѓутоа, нештата се сменија во 90-итете. Почнаа да се иселуваат барајќи подобро платени работни места. Во ова мало напуштено место, мајката природа го направи своето. Бидејќи тука повеќе од 20 години не живее никој, куќите обраснаа во зеленило и мов. Под зеленилото се уште се наѕираат камените куќи, прозорци, врати. Местото набрзо стана туристичка атракција па од тие причини се отворени неколку мали продавници за туристи, кои работат само по потреба, затоа што местото не е често посетувано.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржините на interior.mk се заштитени. За превземање на содржина ве молиме контактирајте не на [email protected]!