Изгледот на домот е израз на индивидуалноста и стилот. Токму од тие причини, Hulsta мебелот е проектиран да може лесно да се прилагодува на барањата на клиентите.

Во понудата се многубројни помали делови и единечни елементи за планирање на мала или голема дневна соба.

ТВ сетовите се проектираат со комбинирање на преградите, просотр за складирање и полици. Достапни се и различни аголни и конзолни полици.

Комбинирање на дрво, стакло и лакирани елементи даваат интересен и елегантен изглед. Воглавно се застапени храстот, оревот и боеното дрво во бел или сив лак.

За осветлување се користи  LED технологијата, која може да се користи и за внатрешно осветлување на полиците.

Интересно?

(huelsta.co.uk)

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.