По прв пат Booking.com нуди сладок ноќен престој во куќичка која цела е изградена од 1,5 тони чоколадо. Од ѕидови, кров и камин до полици за книги и рибник со патки, оваа куќа во потполност е изградена од чоколадо. Куќата е со големина од 18 м2 и е оддалечена само 6 километри од центарот на Париз. Во неа можат да ноќеваат 4 лица, во декадентно слатко опкружување и од прва рака да дознаат, какво е чувството да се престојува во вистинскиот Home Sweet Home. Дизајнирана е и произведена од страна на реномиран производител на чоколади Jean-Luc Decluze.

Откако ќе се пријавите, можете да го истражувате своето гурманско сместување и учествувате во работилница посветана на креирање на мини чоколадни куќи, која ќе ја води Jean-Luc. Освен тоа, домаќините ќе ви приредат вкусна вечера и доручек, кои ќе бидат послужени во шармантната градина на куќата.

Затоа, не го пропуштајте ова единствено доживување! За резервации се достапни само две ноќи и тоа на 05 и 06 октомври 2018 година, а да се пријавите можете тука.

Поврзани содржини

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.