Без разлика дали го сакате овој жанр или не, морате да признаете има многу забавни, кои го привлекуваат вниманието повеќе и од трилери.

Кога се во прашање романтичните комедии, многумина од нас ќе речат дека тоа се “женски филмови“, но сигурни сме дека и вие познавате многу мажи кои го гледале “There’s Something About Mary“, иако тие сигурно ќе кажат дека е тоа само поради Камерон Дијаз.

Да се потсетиме и на култниот “Four Weddings and a Funeral“, поради интезивните случувања во него и остриот хумор не стигате ниту да трепнете. Или извонредниот “Groundhog Day“ со фантастичниот Бил Мареј.

Јасно се сеќаваме на моменти кога припадниците на посилниот пол со посебно внимание ги гледаа овие филмови, кои секако понекогаш можеме да ги вброиме во лимунади.

Лимунади кои некогаш навистина ни годат.

Сепак, на оваа листа не се најдоа оние со потполно предвидлива приказна, без оригинален хумор. Листата ги содржи некои од најзабавните и најинтересните остваруваања од доменот на романтичната комедија.

Извесно е дека некоја од нив ја имаме пропуштено. Со некои од нив ќе имаме одлична забава и смеење, а со некои ќе има и солзи.

Ова се нашите 15 предлози, селектирани по пример на влијателни филмски листи од овој популарен жанр:

1. Chasing Amy

 

2. My Best Friend’s Wedding

 

3. Love Actually

 

4. Sleepless in Seattle

 

5. Frankie and Johnny

1 2 3

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.