На 1 Декември 1955, спротивно на законите за сегрегација во Монтгомери, Алабама, Роза Паркс одби да му го отстапи своето автобуско место на бел патник и беше уапсена. Настанот предизвика бојкот на автобусите од 381 ден, предводени од Мартин Лутер Кинг.

Граѓанската војна во САД завршила во 1865 година. Деведесет години подоцна, Роза Паркс влегла во автобус во градот Монтгомери во Алабама. Паркс, како што налагале правилата на Југот, седнала на задната страна на автобусот, наменета за “обоените патници”.

Меѓутоа, таа студена декемвриска вечер, автобусот со бројот 2857 брзо се наполнил со патници. Возачот Џејмс Блејк, наредил четворица црни патници да им ги отстапат своите места на белците кои стоеле.
“Подобро да се поместите и да ги ослободите тие места”, рекол Блејк. Тројца Афро-Американци го сториле тоа, но Паркс одбила да стане, што било првпат некој “обоен” да одбие наредба од бел човек во американскиот Југ.

На Југот тогаш било поделено. Училишта, ресторани, автобуси, паркови, дури и тоалети. Едните биле за бели Американци, а другите за црни Американци. Роза Паркс одлучила да не ги почитува правилата на играта. Минал скоро еден век од укинувањето на ропството и поразот на Југот во граѓанската војна.
Наскоро дошла полицијата и ја уапсила Паркс.

Градските правила биле јасни: црнецот морал да стане од своето место и да му го отстапи на белецот, ако немало место за седење. Исто така, црнците прво влегувале на предната врата, плаќале карта, а потоа излегувале, па влегувале повторно во автобусот на задната врата, за да не им пречат на белите сограѓани за кои бил резервиран предниот дел од возилото.

Апсењето на Паркс предизвикало кулминација на огорченоста и бесот кај Афро-Американците. Три дена подоцна, организиран бил бојкот на градскиот превоз во Монтгомери. Афро-Американците се повикани да не влегуваат во автобусите, се додека се кршат нивните права и човечкото достоинство.

Тогаш, ниту еден од 40.000 сонародници на Роза Паркс не влегол во автобус. Најголем број пешачеле, некои дури и по 30 километри до работа. И така, следните 380 дена. Градот на крајот попуштил и го укинал правилата за одделни места во автобусите. Био беше само почетокот на големата борба, која во следните години ја водеше Мартин Лутер Кинг за правата на Афро-американците во САД.

Роза Паркс умрела на 24 октомври 2005 година, во 93та година. Американската пошта издала марка во нејзина чест на 4 февруари, кога таа би имала 100 години.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.