Маргарет Минерлин Мичел е родена на 8 ноември 1900 во Атланта, Џорџија, САД. Писателка и новинар од САД која пишувала под псевдонимот Пеги Мичел. Додека живеела, објавен е единствено нејзиниот роман „Однесено со виорот“. За овој роман Мичел ја добила Национална книжевна награда за најистакнат роман во 1936 година и Пулицерова награда за книжевно дело во 1937 година. Неодамна, објавена е збирка на Мичел со записи од детството и роман кој го напишала кога била тинејџерка. Збирка на статии напишани од страна на Мичел за Атлантскиот весник (Atlanta Journal) била реиздадена како книга.

Маргарет Мичел, 1940

Маргарет Мичел била од југот на Америка и целиот живот го поминала во Атланта, Џорџија. Таа е родена во 1900 година во богато и политички истакнато семејство. Нејзиниот татко, Јуџин Мјуз Мичел, бил адвокат, а нејзината мајка, Мери Изабел „Меј Бел“ Стивенс, исто така адвокат и борец за женски права. Маргарет Мичел имала двајца браќа, Расел Стивенс Мичел, кој починал уште како новороденче во 1894 година, и Александар Стивенс Мичел, роден во 1896 година.

Куќата музеј на Маргарет Мичел

Маргарет Мичел починала на 16 август 1949 година во нејзината Атланта.

Гробот на Маргарет Мичел во Атланта

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.