Во денешно време секој дом треба да исполнува три услови. Треба да биде удобен, функционален и модерен, а токму таков е апартманот кој можете да го видите во продолжението на текстот. Станува збор за стан со големина од 42 м2, кој дизајнерите од студиото  Prosvirin Designe го уредија за млад пар. Јасни површини, извонреден систем за складирање, архитектноски пристап кон дизајнирањето и квалитетното осветлување му дадоа елегантен изглед на овој мал стан.

Дизајнерите на овој стан, целиот план го организираа околу два прозорци. Спалнта соба се наоѓа зад дневниот престој, поради што се користени вертикални даски како прегради, кои обезбедија доволно дневна светлина во таа зона. Ова извонредно решение создава интересна игра на светлата и сенките, зависно од времете во денот. Освен тоа, секоја соба е со различна боја. Кујната која е сместена зад стакле ѕид, на задниот ѕид има зелена боја, а ѕидот свретен кон спалната има вертикална градина. Долгите тесни вертикални линии, не само што го украсуваат ѕидот зад телевизорот, тука се појавуваат и на ѕидот во спалната соба во комбинација со елегантните мермерни облоги на краевите. Спектакуларно елегантно е решението на системот на полици покрај дневната соба, кој ги дели дневниот престој и кујната. Но, она што привлекува најмногу внимание се вградените плакара, неприметно сместени во целиот простор.

 

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.