Прикажува 1 од 6

Славни личности родени во ноември:
Берт Ланкастер, Ана Винтур, Албер Ками, Ричард Бартон, Фјодор Достоевски, Леонардо Дикаприо, Грејс Кели, Клод Моне, Дијана Крал, Мартин Скорсезе, Индира Ганди, Џоди Фостер, Роберт Ф. Кенеди и мн. др.

Овен
(21 март – 20 април)

Не правете големи планови во ноември. Можеби сега ќе мора да ставите крај на веќе започнатите работи или, едноставно, да ја следете рутинската работа и обврски.
Неповолен месец за развој на парници или тужба во кои евентуално учествувате. Чувајте ги личните предмети и вашите лични пораки од туѓо вмешување/љубопитност. Љубовта ќе биде интересен и динамичен дел од животот на мажите над 35 години. Ќе имате можност за одмор или одмор дома поврзан со роденден, слава, годишнина, итн. Веројатност за нова љубов за машките припадници на знакот Овен. Жените треба да бидат повнимателни во финансиските односи со други жени. Проблеми поврзани со готови пари, финансии со жена над 35 години. Во ноември може да добиете предлог за подобро платена работа, привремен ангажман или за добра бизнис зделка. Ќе добиете пари од работа, повраток на данок, од банкарска или друга институција. Конфликт со некоја роднина која живее во друга заедница. Ова може да биде поврзано со манифестација на тврдоглавост или друга карактерна особина на оваа личност.  Ноември е месец во кој мора да бидете отворени за секакви предлози и информации. Мора да реагирате брзо, но, исто така, и мудро. Може да ризикувате, но не невнимателно. Изненадувачки предлог или вести.

Бик
(21 април – 20 мај)

Во текот на овој месец, може да ставите крај на грижите или проблемите во врска со здравјето или некои лични проблеми. Очигледна деликатна ситуација или недоразбирање во врска со личност во знакот на Водолија, Вага и Близнаци. Успех во нешто за што сте имале голема загриженост, очекувања во последниве месеци. Разделба или непријатен настан поврзан со млада жена за која имате претходни информации. За жените до 45-годишна возраст, разочарување поврзано со ветување или надеж што, барем овој месец, нема да се реализира. Свадба поврзана со момче/човек кој е ваш роднина, пријател, колега или сосед. Ќе добиете покана, а остатокот ќе биде ваша лична одлука. Купување нешто за домот за младите мажи-Бик, како апарати за домаќинство, опрема, нов мебел и друго.  Ќе се чувствувате збунети, заблудени, заведени од страна на дејствија или зборови на личност во знакот на Рак, Шкорпија или Риби, коишто ќе ве испровоцираат да се состанете и да разговарате со тоа лице. Собирање или посета предизвикани од проблематична или несакана прилика. Ако имате дете родено во знакот на Бик, Девица или Јарец обидете се одгатнете што, всушност, се случува во неговиот живот и што се крие зад неговото чудно однесување или чудно расположение во последно време. Неочекуван стрес, паника во врска со настан или инцидент во животот на пријатели.

Прикажува 1 од 6

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.