Овен

Состаноците и средбите што сте ги планирале во последните денови од декември или на почетокот од јануари ќе може да се случат во друго време и во подобри услови. Тие сега може да бидат основа за нешто добро во вашиот живот. Судбината понекогаш испраќа одредено лице во право време и на право место.
Во финансиска смисла, пак, ќе доживеете криза, паника или стрес поврзани со голем износ на пари, кредит, исплата на плата и друго.
Може да доживеете непријатни загуба или неуспех поврзан со пари.
Јануари ќе биде поволен месец за патување, особено за жените, со одредена цел за работа или некој вид одговорност.
Проблемите дома и со вашето семејство ќе бидат ’благодарение’ на активностите на лице во знакот на Бик, Девица или Јарец. Проблеми можат да се јават со станари или соседи.
Неженетите мажи-Овен може да ја започнат годинава со ветување дека ќе основаат свое семејство. Некои од вас, дури и ќе го преземат таквиот чекор и ќе предложат брак на девојката/партнерката овој месец.

Бик

Може да ја започнете годината со нерешени домашни или имотно-правни проблеми или пак, да се појават и неочекувани, нови. Но, овој месец ќе бидете во можност лесно, со навремена поддршка, да ги решите ваквите проблеми. Некои од вас дури и ќе бидат во можност да се радуваат на материјален успех или добивка.
Може да наидете на отпор поради одлуката да промените нешто, да се преселите, да започнете судска постапка и слично.
Новите околности во вашиот живот може драстично да ги сменат претходно пдонесените важни одлуки и договори.
Младите мажи-Бик може да сковаат интересно пријателство на работното место што се базира на заедничките интереси надвор од работата.
Некои здравствени проблеми може да бидат резултат од вашите грижи и може да создадете негативни ставови кон другите. Бидете особено внимателни кон вашите хронични заболувања и превентивните мерки поврзани со нив.
Ќе минете низ тензија за пари што очекувате да ги добиете преку документ што било претходно договорен. Каков и да е проблемот, тој не вклучува загуба за вас.

Близнаци

Во јануари може да очекувате радосна средба со жена од далеку, или жена која ќе се врати од патување или која престојува во друга земја.
Еден непријатен настан во голема мера може да ги смени вашите планови за 2019 година или за вашиот живот воопшто. Очекувајте неочекуван пресврт.
На работа или во вашиот бизнис ќе доживее значителен притисок, но приходите/добивките ќе бидат големи.
Ќе бидете во можност да се смирите во однос на грижите и проблемите што ги имате за лице во знакот на Бик, Девица или Јарец. Може и, исто така, да доживеете успех во вашиот живот месецов благодарение на таква личност.
На крајот од месецот ќе сфатите дека среќата била со вас многу пати. Во една или друга форма, ќе бидете под притисок да донесете некои судбоносни одлуки или акции. Важен настан ќе се случи во врска со роднина во знакот на Лав, Стрелец или Овен.
Од мажите над 42 години може да се бара да изгаснат ’емоционален оган’ дома.

1 2 3 4

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.