Научниците тврдат: Графитите се стари околу 42.000 години. Од камените Неандерталски пештери во Шпанија, преку Римската Империја, до модерниот свет на уметноста, оваа сега прифатена форма на улична уметност, му овозможува на уметникот неговата креативност и фантазија да се движат слободно. Сепак, графитите се стигматизирани не само како уличен феномен (ако не и форма на вандализам). До неодамна…

Во овој пост ќе видите како графитнии техники и чудни форми, може да се миксаат и да се претворат во пријатена домашна декорација.

Уметникот од Торонто, Николас Синклер, ја претвора уличната уметност во фасцинантен домашен декор. За неговиот последен проект, тој користел обични парчиња мебел, за да ги изработи како фанки графити. неговото неверојатно прецизно чувство и вештина за координирање на боите, тој ги употребува во изработка со стари шкафови, обични гардеробери…

Сопствениците со вкус за фанки дизајн и невообичаена комбинација на бои и облици, се вљубуваат во смирувачката работа на уметникот. Фановите на урбаниот дизајн во домот и фанки додатоците, го користат ваквиот мебел, како освежувачки, а некои и како форма на самоизразување.

Не постојат две исти парчиња мебел. Секој шкаф сјае со сопствена светлина и дава поинакво чувство. Затоа, колекцијата на мебел на Николас Синклер не интригира.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.