Ви претставуваме мал, светол дом на млада жена

Овој стан е светол и функционален со многу простор за одлагање на предмети и извонредни идеи. Основната цел на уредувањето беше максимално да се искористи и отвори, старо, запуштено поткровје. Дневните простории  – кујната, дневниот престој и бањата се во приземјето на поткровјето, додека доплнителните квадратни метри за сместување на спалната соба се обезбедени на катот.

Млада вработена жена по многу години поминати како подстанар, одлучно тргна во потрага по простор кој со гордост би можела да го нарече свој дом. Потполно свесна за тоа што сака, но и тоа што може, требаше да пронајде нешто што ќе ги избалансира сништата и реалноста. Вработена во модната инустрија, со многу активен животен стил, сакаше домот да и биде оаза за одмор и уживање. Секое катче од ентериерот внимателно е дизајнирано од страна на архитектите од студиото JUNE, како би можело се да собере во овие 27 м2. За уредување се користени бела боја во комбинација со дрво и сина боја, која во поткровјето внесе динамика и го направи интересно.

На самиот влез изграден е блок кој има двојна улога. Тој визуелно и физички го одвојува дневниот простор од подрачјето за спиење и се користи за сместување предмети. Зад блокот е бела кујна на  Ikea со мал шанк, а во продолжението се наоѓа пријатен дневен престој. Големата дневна просторија е оргнизирана за да може секоја зона да се користи по потреба. Во поткровјето се додадени и големи прозорци, кои обезбедуваат доволно количество светлина.

Бањата со површина од 2 м2 е сместена под полукатот со спалната соба и опремена е со туш кабина и ВЦ.

Десно од гардероберот на влезот се наоѓаат скали кои водат до спалната соба, која е сместена на полукат. Во овој нежно дизајниран простор со розова боја на ѕидот, се наоѓа ноќно столче со интегриран простор за складирање на работите.

 

 

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.