Погледнете како тоа го прават Словенците!

Студиото GAO architects го уреди овој интересен ентериер што ви го претставуваме денес. Станот се наоѓа во Љубљана, наменет за изнајмување. Уреден е многу модерно со детали кои асоцираат на словенечката култура. Дизајнерите сакаа да им ги приближат на странците, кои ќе претстојуваат тука, етничките елементи  и на тој начин подобро да ги запознаат со Словенија.

Првата идеа беше да ги запознаат со јазикот, па некои од словенечките зборови, кои најчесто се користат, се напишани на ѕидови и тавани. Зборовите се напишани со фонтот Макалок на архитектот Јоже Плечник, а спалните соби се украсени со негови фотографии. Интересен детал во спалната се мотивите од идријската чипка, дизајн на Ванда Лапајне, отпечатени на вратата и ноќното шкафче. Сите текстилни украсни елементи ги дизајнираше Весна Јаворник од UVA dizajn. Убаво осмислен проект, нам ни се допаѓа, а вам?

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.