Сега веќе легендарниот (можеме слободно да кажеме) глумец  Tom Cruise реши да го смени местото на живеење и по долгогодишниот престој на познатиот и престижен Беверли Хилс во Лос Анџелес, се пресели на Флорида.  Во прашање е гратчето Clearwater во заливот Tempa, познат по долгите песочно бели плажи и сончеви денови , кои преовладуваат преку целата година.

Уште една работа по која е познато ова крајбрежно гратче е таа дека во него се наоѓа едно од главните претставништа на саентолошката црква, а од станот на познатиот глумец, таа се наоѓа на само неколку чекори.

Станот на глумецот всашност е пентхаус апартман, што значи луксузен стан сместен на највисокиот кат од зградата, која инаку поседува и фантастичен ‘The SkyView’ поглед, како и базен.

Сите простории се декорирани со модерен мебел и со фантастично осмислено осветление, без разлика дали во прашање е вештачкото или природното.

Иако се уште не се знаат точните бројки, доволно е да кажеме дека оваа единствена луксузна зграда требаше да има 52 апартмани но кога глумецот покажа заинтересираност за купување стан во неа, дури 12 станови се преуредени за да станат дел од неговиот стан и приватната гаража.

Овие податоци се сосема доволни да сфатиме колку простор завзема овој импозантен стан.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.