Куќата на Бел Ер во која Eлвис Присли ги забавуваше Битлси е на продажба

Една од куќите во сопственост на познатите личности за кои многу се зборувало сега е на пазарот, со цена од 23.4 милиони долари.  Со оглед на тоа дека куќата е некогашен дом на Елвис Присли, кралот на рокенролот, веруваме дека ќе се најде купец за неа. 🙂

Куќата со 28 соби беше изградена од бизнисменот Хауард Хјуз, а во шеесетите беше во сопственост на Присли и се вели дека во неа тој на журката во 1965 година ги забавувал Битлси! Но тие не се едниствените познати гости- За За Габор ја купи оваа куќа во 1974 година и таа  имаше многу познати гости, како Кралицата Елизабета Втора, Роналд Реган, Елизабет Тејлор и Френк Синатра.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.