Недалеку од Москва е изградена првата и единствена приватна куќа, кој лично ја проектираше Заха Хадид. Во навистана единствената куќа, која се издига над крошните на шумата Барвик, ќе живее човек кого таа го нарекла руски Џемс Бонд.

Бизнисменот Владимир Доронин, сопственик на повеќе компании и ланецот на луксузни хотели “Аман“, побара од славната архитектка, уште во 2006-та година да ја проектира неговата куќа од соништата, во која слободно ќе се буди со смирувачки поглед во небото.

Концептот за овој необичен проект наречен  “Capital Hill Residence” се роди при средбата на Заха и Владимир во Лондон, а првиот дизајн на куќата е нацртан на салфетка.

Со оглед на ридестата локација, Заха осмисли необично висока куќа, за да се издига над стеблата на боровите дрвја. Главниот апартман “лебди“ на дури 22 метри височина, нудејќи му на сопственикот ултимативен мир.

Долниот сегмент на куќата го сочинуваат три ката, делумно заѕидани во падината на брдото, со коси стаклени фасади и широки кровови со неправилен облик. На приземното ниво се сместени дневната соба и кујната, додека детските соби се на првиот кат.

Неконвенционалниот дизајн не е единственото нешто што импресионира кај овој проект. Куќата содржи бројни простории за забава, затворен базен, фитнес центар, простории за масажа, сауна и амам, библиотека, соби за гости и вистински ноќен клуб, што е одраз на стилот на живеење на нејзиниот сопственик, чиј живот е посветен на угостителството и велнесот.

Фото: OKOGroup.com

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.