Ако редовно не следите, верувам дека и вие како нас сте зависници од ТВ програми за архитектура и дизајн.

Наградуваниот, неверојатен дом кој се појави на Grand Designs, сега е на пазарот. И одреден ТВ-презентер можеби е многу среќен да слушне за ова …

Кога таа беше претставена на шоуто пред десетина години, Кевин Мек Клауд ја опиша “Hope House” како негова ‘куќа од соништата’ .  Куќата со пет спални е пространа, светла и модерна, со големи прозорци од подот до таванот што нудат панорамска глетка на околната маѓепсувачка Шкотска природа.

Домот би бил импресивен на било која локација.  “Hope House” е сместена во мирно место во Шкотска, во областа Мидлотиан, во близина на селото Патхед, на 22 километри од Единбург.  Куќата беше изградена во 2007 година од страна на Ричард и Пру Ирвин.   Изборот на големи прозорци овозможи секоја соба во куќата да биде светла и воздушеста, со убави глетки.  Кујната / трпезаријата / , семејната соба со отворен план се совршени за пречекување на гости…

Импресивниот имот, кој има добиено награди од Saltire Society и Edinburgh Architectural Association, беше изграден со користење на “зелена” технологија и одржливи локални материјали.  Зелениот покрив беше додаден заради изолација и за вклопување на куќата во нејзината околина.

Погледнете.

Остави одговор

error: Содржините на interior.mk се заштитени. За превземање на содржина ве молиме контактирајте не на [email protected]!