Со креативно рециклирање можете да го опремите својот дом и градината со уникатни парчиња мебел и при тоа да се забавувате и да заштедите пари. Погледнете што се можете да направите од стари дрвени гајби.

Дрвени гајби и кутии можете да трансформирате во фантастични парчиња мебел. Доколку планиравте да купите нова полица, маса, табуретка или комода за чевли, погледнете околу себе, можеби можете да ги направите и сами! Потребно е само да соберете гајби  од овошје и зеленчук. Прашајте ги продавачите во пиљарата или на пазарот да ви ги остават откако ќе ја продадат своите производи. Можете и да ги купите во специјализирани продавници или пак во складишта по многу поволни цени.

Старите гајби и гајбички можат да се искористат на повеќе начини. Но пред да почнете со креативната работа, исчистете ги добро, премачкајте со заштитен лак за дрво и потоа обоите ги во саканата боја. Во зависност од тоа што сакате да направите, можеби ќе ви бидат потребни и дополнителни елементи, како што се тркалца, ногарки, сунѓер, текстил, јаже… И нив можете да ги рециклирате и преземете од стар мебел, со што на вашето парче мебел ќе му дадете посебен шарм.

Ви претставуваме креативни и практични идеи во нашата фото0галерија, инспирирајте се, експериментирајте, забавувајте се и направите уникатен мебел, со кој ќе ги освежите домот и градината и ќе го направите посебен.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.