Дали некогаш сте почувствувале дека на собата и недостасува нешто за таа да изгледа совршено  и дека  не можете да откриете што е тоа?  Дневната соба е веројатно, најмногу користената просторија во домот, па таа треба да има добар изглед, кој промовира добар проток на движење. Растојанието помеѓу мебелот и неговата поставеност е клучот за удобност и функционалност!  Имајте ги на ум овие совети  кога се вселувате во нов дом, или пак, кога за викенд ќе добиете ненадејна желба за преуредување.

Влезните патишта треба да бидат чисти

Кога ја аранжирате дневната соба немојте да ги правите следниве грешки

Осигурајте се да има доволно простор на влезот во една просторија.  Никој не сака од вратата да влезе право во софа или пак, да се бори со големо растение!

Не го заборавајте правилото “90 см”

Кога ја аранжирате дневната соба немојте да ги правите следниве грешки

Треба да имете барем 90 см простор за движење околу собата.  Ова  е потребно за да ви биде удобно, за да не се сопнувате на мебелот или да се удирате во ѕидовите.  Исто така, за секој вид на мебел со вратички или фиоки е потребен простор од 90 см за тие да можат целосно да се отвораат .

Мебелот нека лебди

Кога ја аранжирате дневната соба немојте да ги правите следниве грешки

Не го лепете мебелот до ѕидовите.  Извлечете ја софата барем 30 см од ѕидот.  Тоа ќе направи просторот да изгледа поудобно и ќе немате чуден мртов простор на средината од собата.

Не ги заборавајте килимите

Кога ја аранжирате дневната соба немојте да ги правите следниве грешки

Ако имате килим за одредена област во домот, поставете го така што или сите ногарки да бидат целоосно на килимот, или воопшто да не бидат на него. Не дозволувајте да се мрдаат. Обидете се да не ги поставите килимите така да рабовите и аглите бидат на главните  патеки. Тоа ја намалува можноста да се сопнувате од нив.

Осветлување

Кога ја аранжирате дневната соба немојте да ги правите следниве грешки

Ако имате столни лампи, абажурите не треба да бидат толку големи, што ќе ви пречат кога минувате или седнувате.  Да не зборуваме за каблите, кои секогаш треба да бидат сместени надвор од видното поле.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.