Фото: TVLine

Прекрасната актерка го претстави својот нов поглед на церемонијата на доделување на наградите БАФТА пред минатата ноќ во Лондон (10-ти Јануари).

Познатата русокоса, денес е бринета. Кејт Бланчет ги воодушеви сите со промената на бојата на косата која што одлично и прилега.

Фото: Getty

Кејт ја промени бојата поради актуелната улога во претставата што ја игра во театарот, па сосема е можно дека оваа боја е само моментална и дека наскоро ќе и се врати на русата боја. Покрај со новата боја на косата, Кејт предизвика воодушевување и со елегантниот црн фустан на дизајнерот Кристофер Кејнс со интересно украсено деколте.

Фото: Getty

Модните критичари ја прогласија за една од најдобро облечените дами на доделувањето на наградата БАФТА.

Насловна фотографија: etonline.com

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.