Прикажува 1 од 2

Како хороскопскиот знак влијае на тоа какви се мажите во креветот?

Колку се вешти и успешни мажите во сексот зависи од многу фактори, а меѓу нив е и хороскопот. Откријте кој од хороскопските знаци е див, кој најдобар, а кој најнежен љубовник.

Овен

На неговото ласкање му нема граници. Може да ја заведе жената во рок од секунда, но кога ќе се вљуби, на својата партнерка на многу уникатен начин знае да и ги искаже своите чувства. Сака да си игра и да доминира, премногу е љубоморен, а сепак си ја сака својата слобода. Спонтан е и забавен, а во интимните моменти е директен во својот настап. Сака да води љубов на најразлични места. Страстен е и импулсивен љубовник. Поседува одлична физичка кондиција, а сексот со него секогаш е различен и интересен. Премногу добро умее да го одвои сексот од љубовта.

Бик

Достоинствени се и имаат преголема самодоверба. Ги почитуваат своите партнерки и се нежни љубовници, како и подеднакво страсни. Премногу се сензуални и имаат трикови како да ја задоволат својата жена. Го сакаат комфорот и совршената атмосфера. Никогаш не се откажуваат од жената која ги привлекува. Најдобри љубовници се тогаш кога се целосно посветени на една партнерка и кога неизмерно ја сакаат. Не се перверзни ниту склони на силни експериментирања.

Близнаци

Тие ги ценат жените и премногу се внимателни со нив. Природно се надарени во полето на сексот. иако не се романтични, тие можат да ве освојат и задоволат со само еден збор. Не ја сакаат монотонијата во сексот и интимните моменти со нив можат да бидат премногу интересни. Ја сакаат едукацијата, па често читаат еротски магазини, а ги привлекува и порнографијата. Сакаат да експериментираат со повеќе партнерки.

Рак

Го привлекуваат жените кои се жртви, оние на кои им треба помош. Поседува огромна харизма и интелект и во состојба е да направи скоро се кога е вљубен. Се труди во целост да ја задоволи својата партнерка. Има нагласена имагинација и свои тајни на заведување. Но, како поминува времето, така тој станува премногу посесивен и љубоморен и тоа во голема мера. Ова може да биде причина за нарушување на љубовта и страста.

Лав

Тој има огромна самодоверба и плени со својата појава. Обожува кога добива комплименти, премногу е дарежлив и сака да доминира. Го сака сексот и ја сака слободата во него. Знае да направи разлика помеѓу секс и љубов, но кога искрено ќе се вљуби тогаш ги покажува своите способности во најдобро светло. Сака да експериментира, ама не е претерано креативен. Често менува партнерки и тешко е да се задржи. Тој е верен се додека страста е силна.

Девица

Тој е златна средина, ниту добар, ниту лош. Има потреба од совршенство, но не е усогласен со својата сексуална природа. Директен е и не се носи најдобро со експериментирањето и изненадувањата. Се обидува да ја задоволи сексуално својата партнерка, но не е воопшто иницијативен. Сака кога партнерката доминира и онаа која ќе одговара на неговите хигиенски критериуми. Повеќето од нив се верни.

Прикажува 1 од 2

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.