Дојде времето летната гардероба да ја оставиме на дното на плакарот и да ја замениме со потопла. Меѓутоа, секоја година ни се јавува истиот проблем. Поради долгиот период на стоење, таа поприма чуден мирис, на нешто старо, стоено.

Затоа постои еден многу интересен начин, како да ја освежиме зимската гардероба и то со помош на водка.

Пролет или есен се вистинско време за големо спремање на куќата и реорганизација на плакарите. На овој начин ќе заштедите време, ќе го преуредите просторот и ќе го освежите својот стил на облекување.

Сѐ што треба да направите е да сипете водка во шише со распрскувач и да ја испрскате облеката на оддалеченост од 15 сантиметри, а најважно во сето тоа е, облеката добро да се исуши по прскањето.

Водката е ефикасна затоа што ги елиминира сите бактерии кои ги предизвикуваат непријатните мириси, а овој “трик“ е најдобро да го користите на материјали, како што се волна, памук и полиестер, додека за кожа и свила сепак е посигурно хемиското чистење.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.