Постојат два начина да внесете боја во својот дом: можете да се одлучите за цел ѕид во боја или за мали детали со голем ефект. За вториот ви е потребно многу помалку време, поевтин е, секогаш делува атрактивно и многу е полесно да ја смените идеата кога се работи за мали површини.

Сината рамка на кујнскиот прозорец дава чувство на спокој и морска атмосфера.

 

Интензивната жолта и црвена боја на просторот му даваат енергија.

 

Смирувачката сино-сива на рамката од вратата и деталите во иста боја во остатокот од станот, даваат чувство на флуидност.

 

За само 30 минути можете да го освежите вашето омилено парче мебел.

 

Погледот низ жолта рамка на прозорецот и најмрачните денови ги претвора во сончеви.

 

Креативноста нема правила. Ѕидот помеѓу дневната и работната соба обоен во портокалова нијанса.

 

Играјте со боите на оние места на кои никогаш не би помислиле.

 

Зелената боја на оваа кујна и дава боемска нота.

 

Долната страна на високо поставената полица е неочекувано место за зелена, како шума боја.

 

Розовата боја е многу попријатна на места каде не се приметува постојано.

 

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржините на interior.mk се заштитени. За превземање на содржина ве молиме контактирајте не на [email protected]!