Ѕидови од цигла, дрвени подови, многу природна светлина и зеленило – сон на секој љубител на природата. Токму од овие елементи се состои домот на млада жена, која ужива во растенијата, возење велосипед и здравиот живот. Може да се каже дека овој ентериер е вистинска дефиниција за топол дом. Затоа што има многу елементи, кои можат да им се припишат на повеќе стилови, сопственичката на ова поткровје истото го нарекува “бохо-индустриско-природен-шик“ ентериер.

Ѕидовите од цигла комбинирани со бели бели ѕидови совршено се нагласени, а во оваа комбинација се вклопи и подот од дрвени даски. Големиот тепих на средината на поткровјето, на просторот му дава винтиџ детал, а исто така ја пополнува празнината, намерно направена, за да се добие дополнитекна прозрачност во просторот. Растенијата успеа да ги вклопи секаде, па така можеме да ги видиме на сите нивоа на поткровјето – завземаат површини, некои се висечки, а оние најголемите се сместени на подовите.

Во поткровјето е направена и галерија, која има функција на спална соба и простор за одмор. До неа водат прекрасни, стари дрвени скалила, а до нив е убаво замислената галерија на ѕидот, која ја сочинуваат неколку поголеми огледала и помали фотографии.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.