Како да уредите ходник
Првиот впечаток кога гостинот ќе влезе во стан го стекнува на основа на ходникот. Еве неколку совети како да го уредите својот ходник.
Ходниците и дегажманите се често пати занемарувани при уредувањето на стан, меѓутоа, тие не се неважни а при тоа можат и многу убаво да изгледаат
Како да го оплемените овој дел од својот стан ќе дознаете од неколку основни правила, кои треба да ги знаете при уредувањето

Осветлување на ходникот

Во најголем број на случаи, ходниците немаат природно осветлување. Ако тоасепак постои, немојте да го затварате со тешки завеси или драперии. Одлучете се за лесни и тенки ткаенини. На тој начин ходникот ќе остане светол, а вие и понатака ќе ја имате вашата приватност.

За ходниците без природна светлина расветата е неизбежна. Вградените светла или мали надградни плафонски поставени линиски светла, се најдобри опции за тесни ходници, затоа што не завземаат многу простор. За малку поголем ходник може да монтирате и лустери.

Бои за ходник

Во мали простори светлите бои ќе направат ходникот да изгледа поголем. Темните бои се резервирани за поголеми простори.

Секогаш добро решение од естетски и од практични причини се тапети што се мијат.Користете големи огледала кои ќе дадат повеќе светлина и визуелно ќе го зголемат просторот.

Мебел за ходник

Тесните комоди за чевли и гардероберите се основен мебел за ходници. Покрај нив, интересни детали може да бидат закачалките со различни форми, теписите со силни бои или огледалата со големи димензии. Не заборавете да ставите мала табуретка или столче за полесно обување на обувките.

Под  во ходник

Подлогата во ходникот мора да биде лесна за одржување. Од таа причина, во најголем број на случаи поставуваме плочки.

Доколку во ходникот веќе има паркет, преку него поставете тепих кој лесно се одржува.

Декоративни елементи

Вазна со цвеќе или слика над комодата се најчести декоративни елементи во ходниците.

Деталите во ходникот поврзете ги со боите на мебелот, со украсните мотиви на тепихот, како што е направено на сликата подолу.

 

 

 

 

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.