Создадена во 1949 година од познатиот мастер на Дански дизајн, Hans J. Wegner, столицата Wishbone стана култен херој на  класичниот, модерен дизајн.  Со форма на скулптура, меки рабови и чувство дека е лесна, таа спојува стил со практичност на начин кој го умеат  само Данците.  Од стилската трпезарија, до шик столица во домашната канцеларија,  додадете една ваква столица во домот за впечаток како од списание.  Прочитајте ги овие осум начини како да ја внесете Wishbone во вашиот дом…

Во кујната

Како да стилизирате Wishbone столица

Wishbone е идеална во тесни простории како кујна/трпезарија, поради отворениот простор.  Комбинирајте ја со дрвена маса или едноставна сјајна бела опција и стилизирајте ја со минималистички Сканди акцесоари.

Употребете боја

Како да стилизирате Wishbone столица

Иако сивата како пепел,  или ореовото дрво се типично Сканди,  не плашете се да додадете малку боја.   Нам ни се допаѓаат придушени пастелни тонови, поставени околу белата трпезариска маса или пак, храбрата употребата на неон во кујнскиот простор.

Додадете му впечатливост на претсобјето

Како да стилизирате Wishbone столица

Поставете една Wishbone столица во претсобјето за да изгледа поинтересно, бидејќи дизајнот зборува самиот за себе.

Формално

Како да стилизирате Wishbone столица

Отворените облини на Wishbone столицата изгледаат зачудувачки кога се повторуваат- ако сте доволно среќни да имате долга,  формална трпезариска област,  инвестирајте во сет од овие столици,  достојни за стилизирање на фото сесија.

Во спалната

Како да стилизирате Wishbone столица

Овој едноставен дизајн додадете го вашите одаи за спиење.  Додадете прекривка со текстура и преголеми перничиња за додатна удобност.

Измешани

Како да стилизирате Wishbone столица

Бидете храбри и помешајте ги трпезариските столици за да се добие  еклектичност.

Омекнете ги со крзно

Како да стилизирате Wishbone столица

Симулирајте Сканди ентериери со додавање на крзно. Без разлика дали е во трпезариската област или во дневната соба, тоа ќе придонесе за удобна- кул атмосфера.

Додадете стил во домашниот работен простор

Како да стилизирате Wishbone столица

Нема подобар начин да ја завршите работата, од оној кога работната соба е простор во кој сакате да минувате време.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.