Традицијата диктира дека трпезариската маса и столиците треба да бидат сет, но трпезаријата е едно од најдобрите места за комплетно да се смени традицијата.  Координираниот изглед може да делува премногу формално во просторот кој е наменет за весели мигови околу масата.  Мешањето на маси и столици е одличен начин да се освежи собата, да се направи еклектична и да биде простор за живеење.  Но, како да го изведете тоа и да ја запазите вистинската рамнотежа?

Успешна трпезарија треба да биде удобна, пријатна и да предизвикува интерес.  Еве како да се постигне совршено несовршен изглед.

Најдете заедничка нишка

Како да комбинирате трпезариска маса и столици

Држете се до иста боја или форма, а потоа ослободете ја вашата имагинација.  Аранжирани околу една стара дрвена Шведска маса, овие бели столици изгледаат како да се намерно одбрани поради нивните соодветни бои и покрај различното потекло, дизајн и материјал.

Сврзете ги нештата преку детали

Како да комбинирате трпезариска маса и столици

Со челик врамените столици во црна боја, одлично изгледаат со бела мермерна маса, благодарение на топлите дрвени акценти кои ги поврзуваат двете парчиња.  Играјте со контрасти, но не заборавајте да вклучите обединувачки елемент.

Патување низ времето

Како да комбинирате трпезариска маса и столици

Додавање на парчиња од разни ери создава чувство на без временост и возбудливост.   Во оваа современа трпезарија, заобленоста и транспарентноста на стаклената маса ја нагласува силната линеарна форма и мекиот темен тапацир на овие винтиџ столици на Milo Baughman.

Едноставност

Како да комбинирате трпезариска маса и столици

Фокусирајте се на формата и материјалот и не претерувајте со дезен.  Кај комбинирањето на парчиња од два сосема различни дизајнери од истиот период, трпезариската маса ги омекнува острите линии на столиците од Joaquim Tenreiro.

Започнете со уметност

Како да комбинирате трпезариска маса и столици

Бојата на ѕидот во оваа трпезарија е одбрана како позадина за уметничката колекција, а мебелот е исто така инспириран од уметност.  Месингот, ореовото дрво и окер финишите ја отсликуваат палетата на сликите и ги прават топли ладните сиви ѕидови.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.