Складирањето е секогаш суштинско во мал простор, а тоа најмногу се однесува на бањата. Има толку многу ситници – шминка, жилети, четки за коса, тоалетна хартија – кои што едноставно ви се потребни, но каде да ги складирате? Ако нередот во вашата бања излегува од контрола, можеби е време да ги проверите овие неколку начини како да пронајдете малку повеќе простор во вашето мало купатило.

  • За лесен пристап до предметите кои секојдневно ги користите, додадете полица над лавабото. Стаклена верзија е одлична опција, бидејќи не го оптеретува просторот, а освен тоа, таа нема да се оштети од водата.

Како да додадете екстра простор за складирање во мало купатило

  • Не го запуштајте просторот над тоалетот. Тој е одличен за кабинет, полици, или пак кошница.

Како да додадете екстра простор за складирање во мало купатило

  • IKEA BEKVAM се толку разновидни и одлични се за чување на козметика.

Како да додадете екстра простор за складирање во мало купатило

  • Немате простор за чување на крпи? Закачете ги на вратата како на сликата.

Како да додадете екстра простор за складирање во мало купатило

  • Закачете полица над вратата.

Како да додадете екстра простор за складирање во мало купатило

  • Фиоките во кабинетчето го максимизираат просторот и овозможуваат полесно да го најдете она што го барате.

Како да додадете екстра простор за складирање во мало купатило

  • Ако имате лавабо на постолје, а немате кабинет, сеуште има надеж. Овие RÅGRUND полици од IKEA се дизајнирани така што да ги собере околу лавабото што е поставено на постолје, или цефка – генијално!

Како да додадете екстра простор за складирање во мало купатило

  • Тесното кабинетче собира повеќе отколку што претпоставувате.

Како да додадете екстра простор за складирање во мало купатило

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржините на interior.mk се заштитени. За превземање на содржина ве молиме контактирајте не на [email protected]!