За да вашиот дом биде беспрекорно чист, често користите скапи средства за чистење кои можат да бидат и опасни. Одличен избелувач за фугите помеѓу плочките во кујната и купатилото (и на секое друго место), можете лесно да припремите сами. По чистењето со ова средство, плочките и фугите ќе изгледаат како нови. Како вашите плочки и фуги да изгледаат како првиот ден? Направете ја следната смеса:

  • 7 чаши вода (1.5 л)
  • 1/2 чаша сода бикарбона
  • 1/3 чаша сок од лимон (или една супена лажица лимонтус)
  • 1/4 алкохолен оцет

Во целата количина на вода растворете ја содата. Додате го сокот од лимон и на крај постепено додавајте го оцетот. Причекајте да помине хемиската реакција и вашата смеса е готова за употреба.

Земете четкичка за заби или сунѓер, втријте ја смесата во фугите помеѓу плочките и ќе забележите како пред вашите очи фугите стануваат бели, а плочките добиваат свежина и повторен сјај.

Како брзо и лесно да ги исчистите фугите меѓу плочките

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.