Несекојдневното светлечко тело “Click” направено е од вистинско јаже и два метални врва. Креатор е израелската фирма “Studioknob”, која ги повика корисниците да ја допрат, вклучат и да се поиграат со оваа мала лампа, која се вклучува и работи штом ќе ја закачите на метална површина.

Невообичаената лампа е осмислена на начин да укаже на алтернативните решенија, кои можат да го заменат класичниот прекинувач на расветните уреди. Ако сте уморни од досадното кликнување на прекинувачот, палењето на оваа лампа може од сега да ви претставува игра.

“Јажињата паѓаат, се протегнуваат и извртуваат помеѓу металните површини во безброј облици и комбинации и со секое кликнување добивате нова лампа“, објаснуваат дизајнерите.

Светлечкото јаже е вистинско јаже кое содржи светлечки диоди. Системот содржи и дрвена палка со метална површина, низ која е пуштена струја со мал напон.

Секое јаже има позитивно и негативно наелектризиран врв, направен од метал, кој кога ќе се закачи на металниот дел од полицата затвора струјно коло и ја пали светилката.

Иако оваа лампа не може да биде примарен извор на светлина, може да пружи пријатно амбиентално осветлување и да биде оригинална декорација во ентериерот, а може да послужи и како практична полица за украсни ситнурии.

Ако сте спретни во “направи сам“ проектите. оваа декоративна лампа можете и сами да направите.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.