Во 2017 година ИКЕА ја купи компанијата за монтажа на мебел TaskRabbit, како дел од напорите да понуди поширок спектар на услуги, освен продажбата на мебел, а со цел успешно да се справи со конкуренцијата. Првите резултати покажуваат дека направила добар потег.

Ориентацијата на овој најголем светски продавач на мебел кон услугите е една од главните стратешки промени, кои шведската компанија беше принудена да ги направи за да остане во игра додека новите конкуренти се повеќе ја нарушуваат нејзината доминација во интернетскиот свет.

Се чини дека нејзината стратегија дава резултати, со оглед на тоа што бројот на работите што ги извршуваат мајсторите на TaskRabbit, се зголемија повеќе од двојно. Џаспер Бродин, извршниот директор на групата Ingka, која е сопственик на поголемиот дел од продавниците на ИКЕА, рече дека TaskRabbit и проширувањето на бизнисот, особено на дизајнот на ентериери и поправките на мебел придонесоа Икеа да оствари конкурентска предност. Во исто време, податоците за клиентите на TaskRabbit, исто така, може да и помогнат на Икеа во осмислувањето на новите идеи за мебел.

“Како што расте оваа заедница, веќе не се работи само за поправка на една или две работи, туку за професионалност при уредувањето на ентериери во практичниот живот -” дома “, рече Бродин.
Победата во битката за онлајн купци е клучна за Икеа. Иако малопродажбата на мебел на интернет беше многу споро прифатена, пазарот сега е преплавен, а борбата сè повеќе се води во секторот на услугите после продажбата. САД, со 14 отсто од вкупната продажба, е втор по големина пазар на шведската компанија, после Германија.

Онлајн продавниците кои продаваат само мебел, како што се германската Home24, британската MADE и Wayfair од САД, забрзано растат, но и онлајн продавниците за широка продажба, како Amazon нудат мебел, а некои хипермаркети отвараат делови за опремување со мебел.

Дополнително, Walmart и Wayfair, исто така, почнаа да нудат евтини услуги за монтажа на мебел во САД преку конкурентот TaskRabbit Handy. Сите тие нудат и испорака на мебелот, но малку од нив и услуга за дизајнирање на просторот.

“Секој кој продава мебел ја има услугата за испорака. Разликата ќе биде дека, освен таа услуга, Икеа нуди помош во дизајнот на просторот, а за тоа TaskRabbit може да биде од помош “, рече аналитичарот Реј Гал.

Икеа, која минатата година оствари продажба од 39 милијарди евра, стана лидер на пазарот во продажбата на мебел за луѓето кои се подготвени да патуваат до нејзините огромни продавници, да ја пренесат купената стока дома, а потоа самите да ја составуваат.

Денес, повеќе корисници претпочитаат погодност за купување на големи предмети онлајн и потоа нивно доставување, монтажа и поставување.

Од аквизицијата на ИКЕА, прва во 76-годишната историја, TaskRabbit се прошири во 48 американски градови со продавници на Икеа. Во Британија се пресели надвор од Лондон во 11 други градови, а во септември е лансирани во Торонто, Канада. Откако е основан TaskRabbit во 2008 година, неговите проверени мајстори составија 545.000 парчиња мебел, преселија 340.000 домаќинства и монтираа повеќе од 190.000 телевизори.

“Убедени сме дека ова е вистинскиот пристап кон новите купувачи во градовите”, вели Бродин, кој планира да започне со работа на TaskRabbit во уште повеќе земји.

Фотографии: Wikipedia

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.