Минатата недела Google го претстави Google duplex, асистент за вештачка интелигенција, кој ќе извршува разговори човек-компјутер  за да ги комплетира задачите во реалниот свет, како на пример,  планирање на состаноци или резервирање на маса.  Новата карактеристика е промовирана како начин за подобрување на животот на корисниците и намалување на проблемите со јазичната бариера, меѓутоа,  реакциите на корисниците се различни.

“Ја разбираме и ја цениме дискусијата околу Google duplex – како што рековме од самиот почеток, транспарентноста во технологијата е важна,’ изјавија од ’ Google, во обид да ја смират загриженоста во однос на етичноста “ние ја дизајнираме оваа карактеристика со вграденото експозе и ќе се осигураме дека системот е соодветно идентификуван”.  Ова значи дека додека функцијата ќе имитира човечки глас при телефонскиот повик во негово / нејзино име –  на другиот крај, вистинското лице ќе добие некој вид на објава што ќе го извести дека разговара со AI.

Производот е сеуште во развој, а минатата недела беше претставен од извршниот директор на Google Sundar Pichai, користејќи претходно снимен телефонски повик.

Остави одговор

error: Содржините на interior.mk се заштитени. За превземање на содржина ве молиме контактирајте не на [email protected]!