Боите што ги избирате за вашата дневна соба во многу зависат и од вашиот Куа број кој се пресметува врз основа на датумот на раѓањето. Вашиот Куа број може да го определите со клик на следниот линк (за пресметување потребен е датумот на раѓање и полот):

Определување на Куа број

Тука може да видите и на кој тип на личност припаѓате (западен или источен тип). На пример, за западен тип личност најмногу одговара гарнитурата да е во златна нијанса, а зелената е најнепожелна.

Ставете зелени растенија по собата, но гледајте да бидат во баланс со другите предмети. Вашиот мебел треба да биде простран, не пренатрупан и пријатен за око. Сликите треба да бидат топли и благопријатни. Избегнувајте држење на кактуси. Најдобро е да имате убав букет од свежи цвеќиња. Луѓето при самиот поглед на цвеќето се чуствуваат многу попријатно. Ова е причината поради која може да забележите цвеќиња во рестораните или во ходниците на хотелите.

Вашата дневна соба треба да дава чувство на свежина и живот во неа. Има многу семејства кои ја чуваат дневата соба за специјални пригоди. Собите во вашиот дом кои не се користат акумулираат статичка енергија и го намалуваат балансот од останатиот дел од домот.

Поминувајте го денот во вашата дневна соба! Затоа и го добила ова име!

Камините, без разлика во која соба се наоѓаат, не треба да бидат отворени. Отворот треба да се покрие со некој параван или стакло, со цел да се спречи одлевањето на позитивната енергија.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.