Renato Vidal ја осмисли оваа фантастична алтернатива на традиционалните куќи. “M.A.Di.“ е куќа која се склопува за само 6 часови, а за таа работа се доволни само тројца луѓе.

Куќата можете да ја поставите на било која локација, а објектот има минимално влијание на природната околина од причина што бетонските темели не се неопходни.

Куќите се достапни во повеќе големини, од 27 м2, за која треба да платите 33.000 долари, до 85 м2, чија што цена изнесува 73.000 долари.

Сите основни модели на куќата вклучуваат опремена бања, приклучоци за кујна, инсталација и скалило.

Куќата може да биде изградена и на тој начин, да биде самодоволна – да функционира вон мрежата. Во тој случај е опремена со соларни панели, систем за рециклирање на отпадни води и LED осветлување. Внатрешноста на куќата е прилично светла и пријатна, а просториите се со отворен план.

Како сето тоа изгледа во пракса погледнете во видеото кое следува!

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.