Петок навечер е и по долгата работна недела стигнувате дома и си спомнувате дека сте ги поканиле пријателите, кои треба да пристигнат за еден час!  Лавабото ви е преполно со валкани тањири, не сте чистеле неколку денови, па природно, ве обзема паника. Но пред да го земете телефонот и да ја откажете или одложите посетата, помислете на нов план за акција.

Вистината е дека домот, најверојатно ви е многу почист отколку што мислите, а и ако не е, сеуште го имате ова: Се додека ги покриете овие главни зони за гости- тоалетот, софата и чашите- се друго ќе си дојде на место. Продолжете да читате за овие 3 брзи (но важни) места кои треба да ги исчистите пред да дојдат гостите.

  1. Тоалетот

Сигурно дека секој од вашите гости ќе го користи тоалетот во текот на вечерта, па затоа тој треба да изгледа уредно. Очигледно е дека немате време за комплетно чистење на бањата, па затоа најдобро е да се придржувате кон основното, a тoa e тоалетот. Бањата веднаш ќе изгледа почиста.

  1. Софата

Единствените три работи кои треба да ги исчистите пред да дојдат гостите

По бањата, следува софата.  Тргнете го нередот за гостите да можат удобно да седат.  Ако имате миленичиња, одвојте време да ги исчистите влакната.  Исчистете ги масичките,фотељите и табуретките.  Ова не бара многу работа, а разликата е огромна, како за вас, така и за вашите гости.

  1. Чашите

Најпосле, запомнете го следново:  Се додека имате чисти чаши, подготвени за да турите пијалок за сите, се друго ќе биде во ред.  Ако имате машина за садови, ставете ја на кратко миење – et voila!  Во спротивно, запомнете дека за секој гостин ви се потребни по две чаши.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржините на interior.mk се заштитени. За превземање на содржина ве молиме контактирајте не на [email protected]!