Жителите во градовите секогаш зборуваат за потребата да бидат “поблиску до природата”. Секако, технички сме прилично далеку од тоа, но зеленилото што ни е одземено со безживотните високи облакодери може секогаш, барем делумно да се надомести со растенија, гранки или свежо цвеќе.  И  уште еден чекор понатаму, можеме да декорираме со многу од нашите омилени парчиња мебел и додатоци од природни материјали – јута и бамбус, кои потсетуваат на големиот надворешен простор.  Да, истите оние работи што ги гледаме во куќите од соништата и на летување можат еднакво добро да функционираат и во станови во градовите. Допирот на природна текстура е добредојден во речиси секој внатрешен дизајн .

Плетени кошници

Достапни начини за додавањена природна текстура во домот

Плетените кошници се наједноставен начин за вметнување на природна текстура во секој дом.  Тие се мобилни и супер корисни.

Килими од јута

Достапни начини за додавањена природна текстура во домот

Има толку многу придобивки од јутените килими, што би можеле залекогаш да се откажеме од потрагата по друг килим. Тие се достапни, издржливи и и додаваат многу природна текстура на секоја просторија.

Ролетни од бамбус

Достапни начини за додавањена природна текстура во домот

Прозорците се честопати запоставени при уредувањето , иако тие би требало да бидат исто толку важни, колку и уметничките дела за нашите ѕидови.  Природната светлина од прозорците го привлекува погледот директно кон нив, па што и да има на прозорците, над нив, или околу нив, треба да биде добро. Како асоцијација за тропските одмори, додека сте во градска средина, ролетните од бамбус ќе ве однесат далеку со помош на вашата фантазија.

Меки, плетени седишта

Достапни начини за додавањена природна текстура во домот

Ако купувањето мебел ве обесхрабрува заради цените, размислете за подни перничиња или табуретки направени од природен материјал, како јута или морска трева. Тие ќе ги пополнат вашите потреби за седење без да ве стават во долгови, а истовремено на модерната соба ќе и ја дадат вистинската доза на природна мекост.

Мебел од ратан

Достапни начини за додавањена природна текстура во домот

Седиштата направени од ратан се природно водоотпорни, така што со нив добивате добар производ по значително достапна цена. Длабоката нијанса на дрво е одлична како контраст со било која друга текстура, ќе ви траат многу долго и ако имате отворен простор (градина или балкон), слободно користите ги (и оставете) ги таму!

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржините на interior.mk се заштитени. За превземање на содржина ве молиме контактирајте не на [email protected]!