Неверојатната девојка со екстравагантен, фасцинантен и несекојдневен стил, креативна и секогаш уникатна, особено кога станува збор за боите и модните додатоци – марами, впечатливи обетки и гламурозни фризури, се препознава и во уредувањето на нејзиниот дом.

Пејачка, текстописец и актерка, позната по песните „Do You Want the Truth or Something Beautiful“, „Stone Cold Sober“, „New York“ и други, Фејт ја штити својата приватност, својот личен живот. “Сакам моето дете да оди во нормални училишта и да се интегрира со деца од различни средини, како човечко суштество, а не како дете на славна личност “.

Пејачката е силно инспирирана од педесетите години на минатиот век.
Секоја соба во нејзиниот дом во Лондон ја рефлектира нејзината личност. Палома самата, без стручна помош го декорираше целиот дом.

Пространата кујна е во милениал розова боја, со фрижидер во шеќерна розова, со мермерни работни плочи, црни дрвени елементи и златни метални акценти.

Дневната соба, пак е смела и еклектична, а во моментов во неа се наоѓа како виножито осветлената елка, украсена со украси на некои од нејзините икони, вклучувајќи ги Ејми Вајнхаус и Дејвид Боуви, заедно со необичните укрси на тост со авокадо.

Во уредувањето на нејзиниот дом Палома набавуваше многу парчиња мебел на eBay и преку рециклирање, како на пример смелата софа со леопардов принт, што првично беше во крем боја, која што таа ја претапацира со ткаенина од Ралф Лорен. Заедно со нејзината светло зелена позадина (тапетот со кинески мотив), таа создава впечатлива дневна соба, која е рефлексија на нејзиниот стил.

За собата – гардеробер, Палома вели дека е нејзината омилена соба во куќата, бидејќи е носталгична, затоа што таа е исполнета со нејзината облека и костуми. “Ако сакав да ја опишам мојата куќа како тело, мојот гардеробер ќе беше срцето”, вели Палома.

Извор: Photo: Luke White/ Architectural Digest

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.