Една од најдобрите работи кои се случија на сцената на внатрешното уредување е враќањето на впечатливата софа.  Се прашувате што е впечатлива софа? Тука во interior.mk, тоа значи било која софа која целосно и сосема го привлекува вниманието во една соба. Во последно време, мојот омилен вид на софа е онаа во боја.  Колоритнатa софа е освежувачки начин да поврзете една соба или да ја покажете вашата личност, без да морате ништо да кажете. И не, таа не мора да биде “гласна” или доминантна!  Искомбинирајте ја софата со минималистички килим, перничиња со убава текстура, неколку топли дрвени акценти и одненадеш – имате нова омилена соба. Исто така, кога станува збор за софи и мебел, јас сум за кадифето, иако тоа може да биде предизвик со мали деца и крзнени пријателчиња, кои секоја вечер сакаат да седат на софата до вас. Затоа ве молам, купете темна кадифена софа!

Бидејки секогаш сонувам и планирам за мојот следен голем ре-дизајн, во прилог погледнете 12 апсолутно прекрасни соби со софи во “најсреќни” тонови.  Јас особено ги сакам оние во боја на сенф и смарагд и ретро моделите.

Остави одговор

error: Содржините на interior.mk се заштитени. За превземање на содржина ве молиме контактирајте не на [email protected]!