Веќе ги откривме трендовите за кои најмногу се зборува.  Тука, дизајнерката Kelly Hoppen ни ја дава нејзината прогноза за 2017, фокусирајќи се на осум трендови кои треба да ги опфатите ако го уредувате домот оваа година- и воедно ни открива совети за дизајн и стилизирање.

Работејќи во индустријата 40 години, судијката од The Great Interior Design Challenge советува: ‘Трендовите користете ги како водич а не како правило, затоа што тие можат да бидат многу бргу променливи.’

Кели вели дека е многу важно да создадеме вонвременска и едноставна елеганција во нашите домови.  ‘Времињата се сменети и луѓето сакаат одржлив и модерен луксуз со класични парчиња кои се трајни,’ вели таа.  Рецесијата имаше големо влијание врз тоа како живеат луѓето и врз нивните основни вредности.  Спротивставеноста помеѓу старото и новото е она што ќе игра важна улога во претстојните сезони.’

Погледнете ги трендовите во дизајнот кои вреди да ги знаете:

  1. Боја

Дизајн трендови за 2017 кои,според Kelly Hoppen заслужуваат да се знаат

Распрскана боја на вино, темно сива, пастелно розова, смарагдно зелена, како и жива портокалова, ќе бидат нијансите за следната сезона.

  1. Тапет

Тапетот е и тој треба да биде прекрасно луксузно парче текстура кое ве привлекува, но истовремено е и позадина на стилот кој го сакате во вашиот дом.  Минатата година видовме пораст на трендот на дезенирани тапети и тапети со текстура, кој што во наредната сезона ќе продолжи.  2017 година ќе има многу храбри и колоритни дезени, како и геометриски форми, прскани дезени a la Jackson Pollock, кои исто така ќе се користат зад полиците за книги, а не само на ѕидовите. Ретро- плочки на ѕидовите, исто така ќе бидат многу популарни.

  1. Акцесоари

Дизајн трендови за 2017 кои,според Kelly Hoppen заслужуваат да се знаат

Украсувањето до додатоци  е забавно и лесно. Внесување на природата во домот е клучно.  Многу сакам вистински дрва кои растат внатре и даваат малку воздух и живот во домот!  Ретро растенија, палми- како во 60-ите.

  1. Уметност

Уметноста како фантазија прави камбек. Може да се најде кај уметниците како Tim Walker, чии фотографии ќе им бидат познати на читателите на Vogue. Екстравагантните презентации и романтичните мотиви го карактеризираат беспрекорниот стил.

  1. Простор

Дизајн трендови за 2017 кои,според Kelly Hoppen заслужуваат да се знаат

Отворен план vs. интимни соби е дебата која во моментов е постојана.  Интимните соби се враќаат во модерните домови- луѓето сакаат повеќе приватни и дефинирани дневни простории.  Јас сеуште верувам дека отворен план е основен за нашиот начин на живот.  Користење на стаклени прегради кои овозможуваат интимност и длабочина се клучни за мене.

  1. Бетон

Индустрискиот изглед во дизајнот се враќа, но не мора да живеете во стар склад!  Користењето на традиционални материјали како бетонот, автоматски ќе инјектира урбано чувство во вашиот дом; адаптабилен е и разновиден и изгледа неверојатно во контраст со убави метали и текстури. Комбинирајте го бетонот со антиквитети, кои на прекрасен начин ќе шокираат и ќе прават контраст.

  1. Подови

Дизајн трендови за 2017 кои,според Kelly Hoppen заслужуваат да се знаат

Во 2017 година ќе се видат многу различни материјали кои се користат заедно, како ретро плочки во комбинација со дрво,  шеврон со керамички плочки и стари дрвени подови во комбинација со камен. Одредена боја на дрво, според ваш вкус, исто така ќе биде голем хит. Дрвениот под во мојот дом во Лондон е полн со суптилни топли тонови и беа потребни шест месеци за да се усоврши – тоа беше како одење на фризер и наоѓање на идеална боја за мене.  Исто така, има огромен интерес за фотографски плочи, кои изгледаат како слики на плочки. Ова може да се направи на дрвени и мермерни, керамички подови со фотографски слики. Се разбира и подното греење,секогаш ќе биде тренд!

  1. Старо vs. ново

Давање на нов живот на старото ќе биде огромен тренд во 2017 година.   Преклопувањето на старо и ново ќе се гледа насекаде, а особено кај камините. Создавање на модерни модуларни камини со пресврт на старото, помешано со метали ќе ги направи истите современи и шик.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.