Напуштањето на концептот за традиционалната елка остава простор за многу поинакви, креативни алтернативи, што допринесе во последните неколку години да се појават навистина интригантни, уметнички и убави решенија. Гранките со различна должина, распоредени хоризонтално, создаваат величествен визуелен импакт со силуетата на новогодишната елка. Елегантно, уметнички и едноставно.

Овде дизајнот ги комбинира дрвото и металот во едноставни форми кои се стилски израз на традиционалните Божиќни симболи, кои создаваат релаксирана, чиста, природна и многу уметничка декорација со минималистички изглед.

Божиќно зеленило

Што е празнична декорација без зимзелен допир на борови дрвца? Ако додадете и други живи, побледи растенија како шумски плодови, диви рози, глог, шишарки и зеленика (сите одлични за црвени акценти) и ги поврзете во убав круг на домашен венец, ќе ја добиете крајната божиќна декорација.

Зеленилото можете да го користите за да ги украсите вашите ѕидови, прозорци или маси, или како традиционална декорација на влезната врата. Користењето на различни видови на зимзелени дрвца како смрека, темјан кедар и бор ќе создаде богато текстурално чувство и разновидност на зелените нијанси.

Значи да сумираме: Помалку е повеќе, дури и кога станува збор за новогодишната декорација.

Беспрекорен стил може да се постигне со воздржана убавина. Побарајте нешто винтиџ, кое ќе ви го донесе духот на празниците во минатото. Бидете храбри и иновативни кога станува збор за боите: сина, виолетова или зелена се добар избор за оваа година. Додајте и метална нота на вашата празнична декорација, која ќе донесе гламур и сјај. Одберете природно! Пластиката не е стилска – ништо не може да се спореди со природната убавина во празнувањето. И најважно – уживајте и бидете креативното сонце, празниците доаѓаат!

 

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.