Прикажува 1 од 3

Дали некогаш сте се запрашале кои се негативните страни на хороскопските знаци? Покрај сите добри особини и убави карактеристки, секој хороскопски знак има и темна страна, маани кои сите ги нервираат.

Овен

Овните се арогантни „гадови“, секогаш се некои шефови и главни се во сѐ. Причина за тоа најверојатно е малата големина на машкоста или минијатурните гради. Тие се болно посесивни и со задоволство би му ја одзеле слободата на својот партнер, а за себе дозволуваат да имаат и цел харем со љубовници. Најчесто целат кон неосвоиви тврдини ѝ не признаваат дека изгубиле, сѐ додека целосно психички не се уништат. Ментално се многу несреќни, се караат се за сѐ и сешто, воопшто не го познаваат зборот „тактика“, а чекањето за нив претставува болест. Кога ќе видат дека сте во право, тоа нема никогаш да ви го признаат. Себични се и нападни, не поседуваат никаква емотивна интелигенција, а на крајот секогаш завршуваат со некој „кретен“ бидејќи нивниот избор на партнер е вистинки ужас. А нешто што најмногу може да ги изненади и зачуди е фактот дека се изневерени и напуштени.

Бик

Биковите се самозадоволни и секогаш молчеливи, на сите им се здодевни исто како да се од некој клуб на филателисти. Нивниот најголем психички проблем е тоа што никогаш, ама баш никогаш немаат никаков проблем. Секогаш им е сѐ совршено и затоа немојте ни во лудило да ги оптеретувате со вашите проблеми, бидејќи тие ги немаат и неможат да ги разберат. Всушност, се што треба да направите за нив е да им направите проблем во животот, за да им биде интересно. Не сакаат да заведуваат, туку да бидат заведени, а луѓето родени во овој знак се неверојатно посесивни и многу, многу ненаситни, што најлесно се забележува по нивните проблеми кои често ги имаат со тежината.

Близнаци

Близнаците се главни озборувачи, издаици и лицемери. Мислењето им се менува на секои 10-15 минути (велат дека и Јуда е роден во овој знак). Луѓе со стотина лица. Постојано нешто глумат, тие се „нарциси“ со многу плиткок поглед на животот. Ако повлечете една линија ќе забележите дека вие всушност сте на многу ниско место во нивниот список на приоритети. Секогаш има нешто што е поважно од вас. Ако сте во врска со Близнаци, единствената вистина е дека сте изневерени, а најлошото е тоа што овие луѓе изневеруваат повеќе личности истовремено. Добро е тоа што сите тие личности имаат ист третман како и вие. Накратко,имате работа со личност која никогаш и никако неможе да ви овозможи квалитет, а тоа што не ви овозможува ништо не значи дека не очекува од вас да му бидете секогаш при рака и да му ги исполнувате сите желби.

Рак

Раковите се посесивни лудаци, се навредуваат ако не им посакате „добро утро“ на тон кој нив им одговара. Го менуваат расположението како што ќе им падне на памет и секогаш имаат потреба да му досадуваат на некој. Ако ги обвините дека лажат, готови сте, ќе плачат и ќе се жалат со години. Ракот ја менува својата личност од крајност во крајност. Еден ден е вашиот најголем непријател и садист, а веќе следниот ден е истиот оној „стар“ и мек како памук. Ако сакате покрај себе да имате темпирана бомба, која на неколку дена ќе ви експлодира во лице, само напред. Совет, зачленете се во ловно друштво, бидејќи кога тогаш ќе ви затреба пушка.

Прикажува 1 од 3

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.