Прикажува 1 од 2

Апартманот на Coco Chanel во Париз

Chanel е Париз.  Тешко е да се замисли да одите по стапките на оваа легенда…но за одредена цена, можете.  31 Rue Cambon, на таа тесна уличка се наоѓа зградата која Gabrielle Chanel ја купи во 20-ите години, и која стана дом на нејзиниот неверојатно успешен бизнис.  Нивоата на зградата и денес сеуште се користат онака како што Коко првично ги постави – продавницата на приземје, студиото за висока мода на првиот и нејзиниот стан на вториот кат.  Одењето по  оригиналните скали-огледала- е надреално искуство – како да сте во музичка кутија, играчка или на рингишпил, светлината се одразува и вашиот агол на гледање е секогаш во движење . Тука е фамозната петта скала, бројот пет секоагш присутен низ нејзината куќа, затоа што таа верувала дека и е срекен број.

Родена е на денешен ден 1883 година во Саумур, Франција

апартманот на Coco Chanel во Париз

Кога ќе ја отворите вратата-огледало во нејзиниот стан – првиот впечаток е- “накитен,  ориентален”. Во сите соби во апартманот на Коко се поставени ориентални паравани.  Позната по тоа што мразела врати, таа имала дрвени ѕидни панели, беспрекорно скроени, па кога се затворени, не би знаеле дека таму има врата. Во салонот таа користела самостојни паравани за прикривање на влезови и излези од собата, оставајки го окото лесно да се движи наоколу, гледајќи ги нејзините многу лични колекции.

Има кристални лустери, сјајни огледала, парови на позлатени Кинески коњи, античка руска икона од нејзиниот пријател Игор Стравински, златна рака која нејзониот пријател Alberto Giacometti ја изваја за неа и “A shaft of Wheat” од нејзиниот пријател Салвадор Дали.  Се е премногу лично во просторот или е одбрано од самата Коко,  или е подарок и нема ништо без приказна.  Кај масичките,  Коко го заменила мермерот со црна лакирана површина (звучи како Chanel?  Да.)  Лавови насекаде?  Коко во хороскоп била лав и се опкружувала со својот астролошки знак.  Прекрасниот лустер во салонот го носи бројот пет и иконското преклопено “C”.  Трпезартиска маса за шестмина?  Коко во својот подоцнежен живот преферирала поинтимни вечери со фокус на стимулативна конверзација во која меѓу другите, учествувале и  Елизабет Тејлор, Салвадор Дали, Пабло Пикасо, и Марлен Дитрих.  На друга масичка во салонот се наоѓа жаба со отворена уста, а во неа парче кристал.  Приказната која стои зад неа е- дека еден од нејзините попознати гости, несакајќи скршил кристал од лустерот и во надеж дека Коко нема да примети, го сокрил во устата на жабата… но Коко забележала, и му рекла  на гостинот дека тоа е сепак посоодветно место за кристалот.

апартманот на Coco Chanel во Париз

Помеѓу парчињата во нејзиниот апарман се и подароците од Војводата од Вестминстер- сребрени украсни кутии, кои се поставени на масичка во салонот и не ја откриваат нивната вистинска вредност се додека не се отворат- нивната златна внатрешнот зрачи толку силно, како во неа да има дел од сонцето.  Кога ги добила овие подароци,  Коко рекла дека тие се вистински луксуз, чиј највреден сегмент е сокриен од очите на  јавноста.  Токму ова ја инспирирало Коко, нејзините крзнени палта да ги прави наопаку, со најмекиот дел само за оној кој го носи палтото.

Таа се инспирирала од нејзиниот дом- формата на огледалото на влезната врата е обликот на шишето на Chanel Nо. 5, како и на лицето на многу Chanel часовници.  На ориенталните паравани поставени на ѕидовите, се мотивите од камелии- друг иконски Chanel симбол.  Познатата ватирана чанта е инспирирана од перниците на нејзиниот кожен кауч од 20-тите.  Сосема е очигледно дека Coco Chanel имаше визија на личен вкус, кој влијаеше врз  нејзината работа и затоа ја сметаме за неверојатно фасцинантна личност.  Не научи дека стилот е насекаде, само треба да го видиме.

Замислете – сопственикот на овој стан, жената која го одреди стилот што трае со децении, креатор на модна куќа која го носи нејзиното име и се уште е толку важно и ценето денес, некогаш беше само едно мало девојче,  растано во сиромшштија, едноставно Gabrielle …

ПС- Можеби се прашувате  каде е нејзината спална соба? … Спиела во Ritz, нормално. 🙂

Погледнете ја галеријата на следната страна…

Прикажува 1 од 2

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.