Тука ќе ви покажеме неколку примери, а ќе ви дадеме и неколку совети како да креирате удобна и шармантна спална соба, која истевремено ќе биде модерна и рустична.

Модерните рустични ентериери во послените години се здобија со голема популарност и им објавија војна на шведскиот минималистички стил и палетата на студени бои, кои беа многу долго популарни.

Рустичниот стил не асоцира на топли, земјени тонови, меки дебели теписи, крзнени прекривки, реставриран или рециклиран мебел, необработени и природни материјали…. а ние ви нудиме предлози, како овие елементи да ги комбинирате со други стилови или неутрални детали, како би можеле да креирате модерен ентериер кој дише со рустичен шарм.

1. Модерен кревет во рустичен стил 

Оваа светла и пријатна спална соба нѐ предизвикува да зачекориме на мекиот волнен тепих и да се испружиме на удобниот кревет. Природните материјали – дрвото и каменот, доминираат во овој дизајн, а посебен шарм дава впечатливиот рустичен лустер од гранчиња. Добредојдениот контраст и модерната метална рамка за кревет дадоа нова димензија на просторот.

2. Геометриски шари во рустичен ентериер 

Рустичниот стил не мора да биде необработен и сиров. Оваа софистицирана спална соба во рустичен стил, збогатена е со астешки шари и мотиви и модерен лустер кој потсетува на стлизирани еленски рогови.

3. Модернизиран рустичен ентериер

Во овој ентериер доминира дрвото, па дури и ѕидната декорација е направена од истиот материјал. Рустичниот стил е модернизиран со интересни расветни тела и модерен кревет, но неизостануваат типичните рустични детали, како и тепих од животинска кожа.

4. Рустика во понежен стил

Честиот елемент во рустичниот стил, роговите на диви животни, може да биде модернизиран и “скротен“ ако биде изложен во вид на уметничко дело, на пример како слика. Во комбинација со нежни розови бои, оваа рустична соба доби женствена нота.

5. како да весете бои во рустичен ентериер     

Големото узглавје на кревтот во облик на таписерија е одличен начин да се долови рустичен стил но и да се внесе спектар од бои и шари во инаку неутрален ентериер.

6. Поткровје во рустичен стил 

Масивниот лустер од вештачките рогови го завземаат централното место и доминираат во извонредната спална соба во поткровје. Впечатливи елементи како лустерот, камениот ѕид и дрвените греди веднаш не асоцираат на дивина, природа и рустичен стил, додека големиот кровен прозорец, кој внесува многу светлост во собата, носи и доза на модерност во севкупниот дизајн на просторот.

7. Спој на индустрискиот и рустичен стил 

Во оваа спална соба рустичниот стил се судри со елементи на индустрискиот и формираа многу складен сојуз. Ова исто така е и одличен пример, како рециклиран мебел, како што е креветот од палети, може совршено да се вклопи во рустичен стил. Сината боја многу убаво се надополнува со бакарните тонови на мебелот и осветлувањето, а целиот дизајн го заокружува ѕидот од изложени цигли.   .

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.