Како да уредите стан од 50 м2

Сместен на врвот на прекрасна зграда, изградена на преминиот од еден во друг век, овој извонреден ентериер ги има сите атрибути на стан во поткровје: кровни прозорци, коси тавани, камени ѕидови и величествен поглед на Гетеборг, а отворениот план помеѓу кујната и дневниот престој нагласува дека се доживува како прилично светол.

Се наоѓа во едно од најпопуларните станбени подрачја во градот – Коменданстаген. Улици со мали продавници, галерии и фурни во зградите од почетокот на 19. век го позиционираа овој дел од градот на високо место на листата на најпожелни, а во првата од куќите се наоѓа станот од денешната наша приказна, полн со карактер.

Дневната зона се отвора во голема соба со имресивни столбови, кровни прозорци, коси тавани, камени ѕидови, а има и голем простор за седење на каучот и маса за јадење. Станот инаку е со големина од 50 м2 и има две соби.

Отворениот план помеѓу кујната и дневниот престој е елегантен и практичен. Домот се доживува како пријатен и светол. Кујната, која се протега по должината на едната страна од собата е добро опремена и има доволно простор за сѐ. Од уредите тука се плочата за готвење, рерната, машина за миење садови и комбиниран ладилник со замрзнувач.

Дневната соба води до спалната соба со шармантен кос таван со дрвени прозорци и горни светла во облик на полумесечина. Тука своето место го најде и брачниот кревет, закашалка, црна масичка и уште многу интересни детали.

Во ходникот има место за јакни и чевли. Од тука можете да дојдете до пространата гардероба.

Извор: D&D

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.