Се наоѓаме во стан од само 25 м2. Мала ентериерска бомбона со многу дневна светлина, уреден во светли тонови, со по некој црн детал и многу особености.

Во мал простор најтешко е да се добие место за складирање, но во овој стан тоа совршено решено. Сопствениците го сместија креветот на повисок дел изграден од едноставни кутии, во кои можат да ги стават сите работи кои не ги користат. На тој начин, промислено и интелигентно добија на просор, а просторот на шарм. На платформата се наоѓа и телевизор, весници и перници, кои можат да послужат за седење. Нам ни изгледа како извонредна идеа, од која нема да банкротирате, а која можете и сами да ја направите. Прекрасно, нели?!

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.